Published: Monday, March 7, 2016 11:42
Берни Сандерс оствари значајна победа над Хилари Клинтон за номинација кај Демократите во пресрет на претседателските избори, откако на внатрепартиските избори победи во Мејн.
Сандерс освои 64.3 отсто од гласовите над 35.5 кои ги освои Клинтон.
Оваа победа на Сандерс можеби беше и очекувана бидејќи тој потекнува од свероистокот на САД и ужива голема поддршка во тој регион.
Сепак според севкупните резултати, Клинтон и понатаму води во трката за партиската номинација.
Како што изјави Сандерс, тој верува дека неговата кампања е се поуспешна и дека тој успеал да ги привлече младите кои сакаат промени и бараат репрезентативна влада, иста за сите.



