Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, ја порази ривалката Хилари Клинтон на внатрепартиските избори во Западна Вирџинија, за демократска номинација на кандидат за претседателските избори во САД.
Сандерс рече дека „докрај ќе се бори за секој глас“ и дека ќе учествува на конвенцијата на демократите во Филаделфија во јуни.
Клинтон сега има вкупно 2.239 гласови, а Сандерс 1.469. Вчерашниот пораз на Хилари се должи на нејзината изјава за рударската индустрија, од март, кога таа рече дека со преминувањето кон обновливи извори на енергија, многу рудари ќе останат без работа. А Западна Вирџинија е токму рударска сојузна држава.
Прелиминарни избори ќе има уште во осум сојузни држави, и без разлика на вчерашниот пораз, Клинтон е блиску до апсолутното мнозинство потребно за директна номинација (2.383 делегати). Сандерс сепак се надева дека ќе победи во сите „прелиминарки“ до крајот и ќе и оневозможи на Клинтон да ги освои преостанатите 1.057 делегати.




