Движењето БЕСА попладневно преку соопштение информираше за денешната средба на нејзини претставници со претставници на СДСМ.
-Тема на дискусија беа последните политички случувања и настанатата ситуација во земјата, по одбивањето на претседателот на државата да го даде мандатот. Исто така е разговарано и за можните решенија за излез од кризата со која се соочува земјата во однос на функционирање на институциите. Контактите помеѓу партиите ќе продолжат и во наредните денови. Уште еднаш нагласуваме дека Движењето БЕСА и понатаму ќе игра конструктивна улога продолжувајќи и понатаму да биде дел о решението, а не дел од проблемот, се вели во соопштението.
По средбата во СДСМ, лидерот на БЕСА Биљал Касами кусо изјави дека разговарале за деблокирање на институциите.




