Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Besame mucho“ – Ода на бакнежот

0
By Нова ТВ on June 13, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 13, 2014 12:46


Автор: Mихаил Мице Бошковски

Кон крајот на минатото столетие на големо се правеа разни анкети за тоа која е песната што била наjслушана и најпопуларна во 20 век. Имаше разновидни резултати, во зависност од поднебјето и јазичното подрачје на кое тие се спроведувале, но се чини една песна почесто се спомнуваше – „Besame Mucho“ („Бакнувај ме многу“).

Можеби не е таа вистинската, но секако е една што навистина била, сè уште е и уште многу долго ќе биде популарна. Се смета дека песната е снимена во преку 700 евидентирани верзии, но вистинскиот број е многу тешко да се претпостави, а камо ли да се изброи.

Самиот факт дека ја снимиле најпознатите пејачки имиња и оркестри на 20-век како што се: „Битлси“, Елвис Присли, Луј Армстронг, Ела Фицџералд, Френк Синатра, Нет Кинг Кол, Кони Френсис, Далида, Пласидо Доминго, Хозе Карерас, Андреа Бочели…, а за оркестрите, скоро и да нема таков што се занимавал со популарна музика, a да не ја ставил на репертоарот.

Корените на оваа песна потекнуваат од почетокот на 40-тите години. Автор на музиката и текстот е мексиканката Консуело или Консуелита Веласкез. Постојат разни приказни на која возраст била Консуело кога ја создала песната, па затоа фигурираат и повеќе години на нејзиното раѓање (од 1916 г. до 1924 г.).

Како точна ќе ја земеме 1916 г., бидејќи таа извесно време не се појавувала во јавноста затоа што според мексиканското конзервативно сфаќање, не било пристојно жена да биде композитор и да пишува за такви „интимни“ работи како што е бакнежот.

Но, факт е дека, според нејзината изјава, песната ја напишала кога била многу млада и кога се уште не го почувствувала првиот бакнеж, а напишала песна која се смета за „ода на бакнежот“. Песната е активирана во 1940/41 година.

Прв ја снимил Емилио Туеро (1912 – 1971), во тоа време многу популарен актер, пејач и продуцент кој снимил 38 филмови. За кратко време песната станува популарна во цело Мексико и постојано се емитива на локалните радио станици. Но, со вистинска популарност една песна можела да се стекне само ако се пробие на американскиот пазар.

За среќа, во тоа време, кај американските дискографски компании постои судир со авторите кои барале повисоки износи за своите авторски права, па компаниите се свртеле кон автори од други земји. Така, „Besame Mucho“ станува интересна за издавање.

Прв ја снимил Енди Расел (1920 – 1992), на англиски текст што го напишал Сани Скајлар (1913 – 1999). Но големата популарност песната ја стекнува 1943/44 г. кога ја снима оркестарот на Џими Дорси (1904 – 1957) со пејачите Боб Ебрли (1916 – 1981) и Кити Кален 1922 -). Песната е снимена во дует, а во тоа време пејачите биле третирани како членови на оркестарот.

Три месеци се на врвот на американската топ листа и достигнуваат милионски тираж. Оваа длабоко емотивна љубовна песна претставува вистинско освежување токму во периодот кога се водат решавачките битки во Втората светска војна и кога илјадници војници се разделени од своите љубени.

Од Америка, за кратко време, популарноста се шири во целиот свет. Преведена е на 20-тина јазици, од оригиналното кубанско болеро, преаранжирана е во танго, твист, рок, џез… На 20-годишнината од нејзиното појавување во 1962 г. во Гвадалахара, во Мексико, е одржан фестивал на кој учествувале многу пејачи што ја имале на својот репертоар. Ни филмската индустрија не останала имуна на популарноста на оваа песна и е употребена во околу 40 филмови.

Авторката на „Besame mucho“ Консуелo Веласкез е музички високообразувана личност. Уште како дете останала без татко, па со помош на блиските роднини таа се школува и го надградува својот талент кон музиката што го покажала уште при првата средба со клавирот кога имала само четири години.

По завршувањето на студиите работи како концертен пијанист и композитор. Во Мексико ја сметаат за најславна жена композитор. Автор е на повеќе класични дела – сонати, симфонии, ораториуми и многу популарни песни, од кои во светот е најпозната по „Besame Mucho“.

Мора да се спомене и песната „Cachito, Cachito Mio“, која исто така е многу позната особено по верзијата на Нет Кинг Кол. Други нејзини поуспешни песни се: „Corason“, „Guatas Veces Te Lo Dije“, „Enamorada“, „Franqueza“ и др.

Консуела Веласкез во приватниот живот беше мажена за Маријано Ривера Конде, уметнички директор и продуцент. Имаат два сина и стабилен брак, кој трае од 1944 г. до 1977 г., кога Ривера умира на 62 годишна возраст.

Таа поживеа 88 години, според изјавата на еден од синовите. Умре на 22 јануари во 2005 г. Во нејзина чест, во Мексико Сити е поставена статуа изработена од познатиот мексикански уметник Серџо Перазa.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.