НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Двојно зголемување на економскиот раст со Планот за финансирање забрзан раст

0
By НОВА ТВ on September 27, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска оствари средби со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и МАСИТ.

На средбите беа презентирани препораките, кои произлегоа од Конференцијата што ја организираше Министерството за финансии во рамки на Економскиот и финансиски форум,  а кои треба да бидат усвоени од Владата и се дел од Планот за финансирање на економското заздравување и забрзување на економскиот раст кој е во завршна фаза на подготовка во Министерството за финансии и кој, исто така, беше дискутиран на средбите.

– Во насока на заложбите за фискална консолидација, а воедно и заложбите за двојно зголемување на економскиот раст и постигнување повисоки годишни стапки на раст на БДП од околу 5%, во Министерството за финансии е подготвен Планот за финансирањето на економското заздравување и забрзување на економскиот раст . Овој план дава одговор за нови начини за пристап до капитал за финансирање на заздравувањето и забрзувањето на економскиот раст, преку проекти во јавниот и приватниот сектор, рече министерот за финансии пред стопанствениците.

Тој додаде дека целта на планот е да се зголемат вкупните инвестиции во економијата, а притоа да се остане на зацртаниот курс постепено да се намалува фискалниот дефицит, а со тоа и да се задржи долгот на стабилно ниво.

– Главната поента на овој план е преку креирање и користење нови механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање да се создаде позитивен мултипликативен ефект, односно покрај планираните јавни инвестиции во износ од четири милијарди евра за периодот 2022-2026 година, финансирани од буџетот, ИПА фондовите и меѓународните финансиски институции, да се мобилизираат повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор. Со тоа, ќе се зголемат и вкупните инвестиции и ќе се забрза растот на бруто-домашниот производ и отворањето нови работни места, потенцира министерот Бесими.

Од МФ објаснуваат дека планот се состои во креирање развојни фондови, фондови за поддршка на иновации, гарантни фондови, развојни и проектни обврзници, фондови за ризичен (venture) капитал и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и претпријатија со висока општествена одговорност. Се планираат јавно-приватни партнерства, концесии и други инструменти за финансирање јавни капитални проекти, но и на приватниот сектор.

Планот за финансирање на заздравување и забрзаниот раст предвидува поддршка на проекти во јавниот и приватниот сектор кои ќе значат подобрување на конкурентноста на економијата и подобрување на квалитетот на живот, односно ќе опфаќаат области од животната средина, дигитализацијата, иновации, човечки капитал и општествена инклузивност. Имплементатори ќе бидат Развојната банка, Фондот за иновации и технолошки развој, Дирекцијата за технолошко-индустриски зони и други институции со вклученост на комерцијалните банки и инвестициските фондови.

– Целта и очекуваните резултати од Планот за финансирање на економското заздравување и забрзан раст е  финансирање на заздравување на економијата погодена од КОВИД-19 и поддршка на забрзан и одржлив раст, а притоа одржување на фискална стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор, како дополнување на финансиските средства издвоени од буџетот. Очекувани резултати на среден рок од Планот се: двојно зголемување на економскиот раст од просечна стапка на раст од 2,5 отсто во изминатата декада на стапки на раст од 5 проценти; зголемување на инвестициите во јавната инфраструктура, како и зголемување на инвестициите кај приватниот сектор преку механизам на мултипликација на финансиите со приватни покрај јавните извори на финансирање; одржување фискална стабилност во рамките на Мастришките правила за јавен долг и буџетски дефицит, истакна министерот Бесими.

Тој додаде дека следствено на тоа, инвестициите и забрзаната динамика на раст ќе придонесат кон зголемување на работните места и подобрување на стандардот и квалитетот на живот на граѓаните.

Министерот Бесими на средбите со бизнис заедницата, напомена дека за годинава проектираниот раст на БДП е 4,1 отсто, но оти движењата во економијата и постигнатиот раст на БДП во вториот квартал од 13,1 отсто упатуваат на тоа дека може да се надмине проекцијата. Во наредните години се очекува интензивирање на економскиот раст, односно во 2022 година враќање на преткризното ниво и натамошно постепено забрзување.

Покрај планот за забрзан раст, се финализираат и Предлог-мерки за фискална консолидација и за поддршка на растот и развојот и новата Програма за економски реформи, информираат од Министерството за финансии.

Бесими економија Финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.