НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими најави владина одлука: Ќе штедат и министрите, градоначалниците и директорите

0
By Ivana on March 14, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поради кризата предизвикана од војната во Украина, очекувано е дека економските проекции ќе се корегираат и затоа се разговара за ребаланс на Буџетот, изјави Министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во изјава за ТВ 24, Бесими најави владина одлука за штедење и можно задолжување со еврообврзница.

– Во Буџетот што е усвоен во Собрание има предвидено 600 милиони евра задолжување, од кои 545 се за покривање на дефицитот што е планиран во Буџетот, а разликата е за зголемување на депозитите што вообичаено ги оставаме во крај на година за наредната година за да имаме одредени резерви на трезорска сметка кај Народна банка, изјави министерот за финансии.

Бесими дообјасни дека тие 600 милиони евра не се дополнителни.

Посочи дека во зависност од потребите и од состојбата во одреден временски период ќе се оди и со предлог за ребаланс на буџетот за што се водат разговори со министерствата.

-Проектите каде што има забавена динамика, ќе се кратат, рече Бесими.

Истакна дека Владата ќе излезе не со препорака, туку со одлука за штедење во економска криза и таа нема да важи само за министрите, туку кон неа треба да се придржуваат и градоначалници, директори на државни институции.

Министерот за финансии кажа и дека е можно задолжување однадвор со еврообврзница.

– Не е исклучено земјава преку еврообврзница да земе заем од 600 милиони евра, односно целото планирано задолжување за годинава да се земе однадвор. Подготовките се завршени, се чека погоден момент кога со нашите партнери ќе излеземе на пазарот, рече Бесими.

Очекува дека каматните стапки нема да бидат високи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.