Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Подготвени сме да носиме мерки и политики во интерес на граѓаните

0
By Ivana on February 27, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 27, 2022 12:13

Подготвени сме да носиме мерки и политики во интерес на граѓаните, првенствено за заштита на најранливите категории на граѓани, како и за поддршка на економијата, пишува во својата колумна посветена на руско-украинската криза, министерот за финансии, Фатмир Бесими.

„Во вакви кризи, од големо значење е темелна анализа, земање во предвид на сите параметри, дури и оние кои се чинат во моментот мали и неважни, за да се дојде до што попрецизни очекувања. Не треба да шириме ниту песимизам, ниту оптимизам, туку да бидеме реални и да преземаме активности согласно ситуацијата. Со таква стратегија дејствувавме и за време на пандемијата, кога донесовме 6 пакети на антикризни мерки за поддршка на граѓаните и стопанството и за што во сите извештаи на меѓународните институции добивавме признание дека сме дале силен и навремен одговор„ пишува министерот за финансии.

Во колумната се наведува дека во насока на заштита на стандардот на граѓаните веќе се преземени соодветни мерки, преку утврдување на лимит за маржата на дел од основните производи. Исто така, државата го намали и ДДВ-то на електричната енергија за и на тој начин да се намалат трошоците кои граѓаните ја плаќаат за струјата.

„Ние будно ги следиме случувањата и развиваме соодветни сценарија за можните исходи. Стоковите резерви се на соодветно ниво, буџетот е ликвиден и имаме средства да реагираме доколку има потреба. Имаме и инструменти да ги ставиме на располагање за прилагодување во услови на поголеми пореметувања на пазарите“, посочува министерот Бесими.

Во анализата за изложеноста на нашата кон руската и украинската економија, министерот вели дека директната изложеност е релативно мала. Увозот и извозот кон секоја од овие две земји гравитира околу 1%. Исто така, нивната застапеност во странските директни инвестиции во земјава, како и во приливот на паричните дознаки е под 1%.

Сепак, во колумната се наведува дека предизвиците за нашата економија, ќе дојдат преку европската економија. Развојот на настаните во Украина може да има негативни ефект врз европската и глобалната економија, преку дополнителни нарушувања на синџирите за снабдување, односно негативен ефект врз странската побарувачка. Како мала и отворена економија, која е високоповрзана со европската, ние би ги почуствувале тие нарушувања. Исто така, може да дојде до поголема претпазливост кај странските и домашните инвеститори, што би се одразило на нивото на инвестиции.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.