Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Зелената и дигитална транзиција, човечкиот капитал и поврзувањето на компаниите во фокусот на ПЕР 2022-2024

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 18, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Економско закрепнување, зелена транзиција и модернизација на енергетскиот сектор, подобрување на образовниот систем, здравството, пазарот на труд и социјалната вклученост, како и дигиталната транзиција и зајакнување на конкурентноста на домашните компании и нивно интегрирање во глобалните синџири на вредност се главните предизвици поставени со Програмата за економски реформи во следниот тригодишен период.

– Поставените приоритети и мерките вклучени во нив се во линија со приоритетите и препораките на Европската комисија за земјата. Во насока на економското закрепнување се и активностите предвидени за фискална одржливост во наредниот среднорочен период, со истовремена поддршка на капиталните инвестиции, а во согласност со Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, како и Планот за забрзан раст и Интервентниот инвестициски план, заклучиле на денешниот состанок претставниците на Европската комисија на средбата со министерот за финансии Фатмир Бесими.

Од страна на Европската комисија, како што соопшти Министерството за финансии, присуствувале Михаела Матуела, директор на Директоратот за Западен Балкан во рамки на Генералниот директорат за соседска политика и проширување, министерот за финансии, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, министри од Владата, како и претставници од Генералниот директорат за економија и финансии и од Директоратот за вработување и социјална политика.

– Од страна на Михаела Матуела беше истакнато дека ваков формат на економски дијалог во регионот се води само со нашата земја, со што од наша страна се дава силен сигнал до ЕК за нашата посветеност за процесот на преговори, каде програмата за економски реформи има клучна улога и претставува оперативна алатка за спроведување на структурните реформи, кои се предуслов за користење на финансиските средства од Економско-инвестицкиот план на ЕУ за Западен Балкан, информира Министерството за финансии.

Двете страни ја истакнале важноста на дискусијата за заедничките заклучоци кои во рамки на Економско-финансискиот дијалог со ЕУ треба да се усвојат во мај годинава. 

Министерот за финансии Бесими посочил дека заеднички усвоените заклучоци со препораки во мај, ќе бидат основа за подготовка на следниот буџет, во насока на вклучување на неопходните реформи на министерствата во нивните буџетски планови. Потенцирал и дека програмата на економски реформи претставува значаен документ за воведување на концептот „вредност за пари“ во буџетскиот процес.

Заеднички е оценето дека напорите во наредниот период треба да се насочени кон постепена фискална консолидација, со истовремено водење грижа за имплементација на капиталните инвестиции потребни за зелена транзиција, зајакнување на човечкиот капитал преку подобрување на правната рамка за пазарот на труд, квалитетот на образовниот систем и социјална вклученост, како и продолжување на активностите за дигитализација на јавните услуги, рационализација на парафискалните давачки и намалување на неформалната економија.

Програмата за економски реформи, министерот за финансии ја достави до ЕК на 29 јануари. Нејзината цел е преку конкретни реформски мерки да се дејствува на клучните предизвици за конкурентноста на земјава во рамки на дијалогот со Европската Унија за исполнување на економските критериуми.

– Програмата е најважен стратешки документ во економскиот дијалог со Европската комисија и земјите членки на ЕУ. Програмата содржи среднорочна рамка на макроекономската и фискалната политика и структурни реформи што треба да придонесат за зголемување на конкурентноста на економијата и за креирање работни места, велат од Министерството за финансии.

Бесими економски дијалог Зелена агенда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.