Во Сараево денеска, без никакви инциденти, заврши првата Парада на гордоста на која присуствуваа над илјада луѓе. Членот на Организацискиот комитет на првиот настан од таков тип во БиХ, Бранко Ќулибрк изјави дека не постои институционална поддршка за правата на ЛГБТ лицата.
„Сè уште немаме закон за истополовно партнерство. На транс-луѓето не им е одобрен пристап до здравствена заштита. Оваа парада треба да послужи како пример за заштита на правата на ЛГБТ лицата од страна на институциите и се надеваме дека тие нема да останат на ова денеска“, рече Ќулибрк во обраќањето пред учесниците на поворката.
Членката на Организациониот комитет, Лејла Хуремовиќ, истакна дека денешната Парада на гордоста нема да го промени светот и дека има многумина кои дури и денес нема да можат да им кажат на своите најблиски кои се тие навистина. Но, изрази надеж се можни промени.
„Гордост. Драги луѓе, голема благодарност што сте тука со нас денеска, повеќе од кога било досега. Ние, лезбијките, геј, бисексуалците, транс, интерсексуалци не сме веќе невидливи, рече Хуремовиќ.
На првата Парада на гордоста во БиХ присуствуваа повеќе од илјада луѓе, вклучително и американскиот, британскиот и германскиот амбасадор. Собирот го обезбедуваа повеќе од 1.000 полицајци кои целосно го блокираа центарот на градот, односно, трасата на движење на учесниците во Парадата.




