Роџер Федерер е победник на машкиот дел од Мастерсот во Мајами. Швајцарецот во финалето славеше над Џон Изнер со 6:1, 6:4 за четврти трофеј на турнирот, 28. во серијата и вкупно 101 во неговата кариера.
Изнер на финалето на стадионот „Хард Рок“ излезе како бранител на тронот, но на крајот остана со празни раце. Федерер во еден здив го реши во своја корист воведниот сет за што му требаа само 25 минути, во вториот се соочи со нешто посилен отпор од Американецот, но не дозволи да остане на терен подолго од планираното.
Титулата кај дамите ја освои Австралијката Ешли Барти која во финалето ја совлада Каролина Плишкова од Чешка со 7:6, 6:3. Мастерсот во Мајами се играше за награден фонд од 7,97 милиони долари.