На Британецот на кој судот во Доњецк му изрече смртна казна поради учество во воените дејствија во Украина, му е речено дека пресудата ќе биде извршена, изјавија членови на неговото семејство за „Би-Би-Си“.

Судот на самопрогласената Народна Република Доњецк ги осуди Британците Ајден Аслин и Шон Пинер на смртна казна.

„Би-Би-Си“ тврди дека семејството разговарало со Аслин по телефон и оти им порачал дека „времето истекува“.

Исто така навел дека оние кои го држат во затвореништво му рекле дека немало обиди на британски официјални лица да почнат преговори за неговата судбина.