Published: Thursday, July 2, 2015 19:05
„Би-Би-Си“ најави откази за околу 1.000 вработени заради намалување на буџетот за 150 милиони фунти.
Буџетот на британскиот сервис е скратен поради намалениот број луѓе кои плаќаат претплата за телевизија.
Падот на претплатата е последица од тоа што се поголем број домаќинства гледаат телевизиски програми преку Интернет, образложува британскиот јавен сервис.
Поголемиот дел од отпуштањата ќе бидат од менаџментот и од логистичките одделенија.
Со оваа мерка се очекува британскиот јавен сервис да заштеди речиси 50 милиони фунти.
„Би-Би-Си“ има повеќе од 16.672 вработени.




