Британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“ денеска соопшти дека одлучил да продолжи да известува од Русија.
„Би-Би-Си“ во петокот соопшти дека го прекинува известувањето во Русија, откако Думата го усвои законот со кој се повикува на одговорност и предвидува затворкса казна и до 15 години за секој за кој ќе се утврди дека намерно шири лажни вести, пренесуваат британските медиуми.
Ги разгледавме импликациите на новиот закон, заедно со итната потреба за известување од Русија. По внимателното разгледување на прашањето, вечерва одлучивме да продолжиме да известуваме на англиски јазик од Русија, се наведува во соопштението на „Би-Би-Си“.
Британскиот јавен сервис нагласува дека ќе известува независно и непристрасно, почитувајќи ги своите строги уредувачки стандарди.
„Безбедноста на нашиот персонал во Русија останува наш приоритет број еден“, се додава во соопштението.




