Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

БиХ – 22 години од геноцидот во Сребреница

0
By Нова ТВ on July 11, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес се одбележуваат 22 години од геноцидот во Сребреница, во кој околу 8.000 луѓе беа убиени од војската и полицијата на Република Српска, како и паравоени формации, над Бошњаците во „заштитената зона на Обединетите нации“.

Нападот на Сребреница почна на 6 јули 1995 година, а заврши пет дена подоцна кога силите на војската на Република Српска, под команда на генералот Ратко Младиќ, влегоа во градот.

Во 2007 година, Меѓународниот суд во Хаг го квалификуваше масакрот во Сребреница како геноцид. Резолуции со кои ја потврдуваат пресудата донесоа парламентите на земјите членки на Европската Унија, Канада, САД и Австралија.

Резолуцијата за Сребреница не е усвоена во Советот за безбедност на Обединетите нации во 2015 година откако Русија го искористи своето право на вето со што го „собори“ британскиот предлог.

За злосторствата во Сребреница обвинети се лидерите на босанските Срби, Радован Караџиќ, и генералот Ратко Младиќ.

Караџиќ е уапсен во јули 2008 година, а Младиќ во мај 2011 година.

Судот во Хаг во март 2016 година за злосторствата во БиХ го осуди Караџиќ на 40-годишна затворска казна, додека судењето на Младиќ сè уште трае.

Обележувањето на годишнината во Меморијалниот центар во Поточари се одвива денеска претпладне.

БиХ геноцид муслимани Ратко Младиќ Сребреница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.