Поп дивата Бијонсе својата светска и европска турнеја наречена „The Mrs. Carter Show World Tour“ ја почнува на 15 април во Белград, со настап во “Комбанк Арена“.

Ова е нејзина прва турнеја по три години и вклучува дваесет европски градови, покрај Белград, таа ќе одржи концерти и во Даблин, Берлин, Париз и четири последователни настапи во „О2“ во Лондон. Северноамериканската турнеја започнува на 28 јуни во Лос Анџелес и ќе се одвива во повеќе од дваесет градови.

Бијонсе ќе биде и главна ѕвезда на најголемиот светски музички фестивал Rock in Rio”, кој ќе се одржи на 13 септември во Бразил.

Оваа светска турнеја ќе биде најголемиот и најамбициознио потфат на Бијонсе. Турнејата ќе трае една година и во вториот дел, таа ќе гостува и во Јужна Америка, Австралија и Азија.