Published: Tuesday, August 22, 2017 19:30
Келијата која стои позади нападот во Барселона, планирала да употреби експлозив за да разнесе споменици, вклучувајќи ја и катедралата „Саграда фамилија“, кажал еден осомничен на судот во Мадрид – пренесе „BBC“.
Мохамед Хули Кемал е еден од четворицата преживеани осомничени.
Планот на групата пропаднал кога избил пожар во куќата каде што бил подготвуван експлозивот.
Хули бил повреден во тој инцидент, ден пред терористичкиот напад во Барселона.
Според судските извори, Хули тврдел дека биле планирани многу поголеми серии на напади.




