Околу 2.750 домаќинства ќе располагаат со електрична енергија од обновливи извори благодарение на енергетските политики на Владата кои овозможија изградба на биогасна електрана во Општина Лозово, соопшти премиерот Зоран Заев
Според него, вкупната вредност на инвестицијата на „Био Ентерпрајс“ од Охрид во оваа биогасна електрана изнесува близу 6 милиони евра и во првата фаза ќе обезбеди 15 работни места.
– Биогасната електрана Сарамзалино, со постројката со инсталиран капацитет од 2.000 kW целосно се вклопува во заложбите не енергетските политики на Владата за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија од обновливи извори, додаде Заев.
Во заложбите на Владата се слопуваат уште два фактора, вели Заев, а тоа се: Да се прифати предизвикот и да се влезе во една ваква инвестиција, како ресурси за оваа електрана да се користи биомаса од сопствено производство, и биомаса добиена преку соработката со локалните земјоделци и фармери, преработувачи на храна и земјоделски продукти.