Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бионтек: Треба да се обезбеди чесна поделба на вакцината во светот

0
By Нова ТВ on November 11, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 11, 2020 07:42

Угур Шахин, директорот на компанијата „Бионтек“, чиј тим експерти стои зад ветувачката вакцина против коронавирус, вели дека е важно да се обезбеди чесна поделба на вакцината низ целиот свет и дека тоа го очекува во првата половина на 2021 година кога ќе биде можно да се испорачаат 200 милиони дози во Европа и 100 милиони дози во САД.

– Нашата работа сега е да го зголемиме производството за да можеме да обезбедиме до 1,3 милијарди дози следната година. За тоа се потребни многу повеќе инвестиции, изјави Шахин за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Тој посочи дека процесите на одобрување на вакцината се одвиваат паралелно во САД и Европа.

– Ние веќе доставивме гол број документи до Европската агенција за лекови (ЕМА) и властите веќе одговорија. Во следните две до три недели, планираме да им обезбедиме и податоци за ефикасноста на вакцината. ЕМА бара информации во малку поинаков формат од американските власти, рече Шахин.

Тој додаде дека колку брзо ќе биде одобрена употребата на вакцината зависи од тоа „кои прашања ќе бидат отворени“.

Според него, Управата за храна и лекови на САД (ФДА) би можела итно да одобри употреба на вакцината веќе во средината на декември.

Директорот на „Бионтек“ истакна дека е многу важно да се обезбеди правична дистрибуција на вакцините.

– Пандемија е присутна насекаде низ светот. Според тоа, во моментов можеме да се фокусираме само на оние места каде што можеме да добиеме дозвола, а потоа да доставиме вакцини таму. Имаме различни договори со САД, Англија, но и во Европа и некои други земји.  Ќе се обидеме да обезбедиме дози за различни региони во светот. Сето ова ќе се промени во 2021 година кога нашиот производствен капацитет значително ќе се зголеми”, рече Шахин.

Тој додаде дека цената на вакцината ќе варира низ целиот свет и ќе биде приспособена на економските стандарди на земјите. За одредување на цената на вакцината, како што рече, пресудна ќе биде количината на нарачката.

Како пример, тој наведе дека за нарачка од 100 милиони дози, цената треба да биде нешто помалку од 20 долари за вакцина.

Кога станува збор за ефикасноста на вакцината, Шахин рече дека се уште немаат податоци за тоа колку долго ќе трае нејзиниот заштитен ефект.

Во моментов, тој рече дека немаат причина да мислат дека антителата можат драматично да се намалат во рок од една година.

Тој се осврна и на вакцинирањето на децата, наведувајќи дека во моментов се водат преговори дали најмладата популација ќе биде вакцинирана на почетокот.

Шахин рече дека на децата не им е потребна итна вакцинација, иако постојат поединечни тешки случаи за кои, како што рече, ќе биде потребно да се обезбедат првите дози.

Компанијата „Бионтек“ разви вакцина против коронавирус во соработка со американската компанија „Фајзер“. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.