Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бислимовски: Има обезбедено гас за зоните кај нас освен ако нешто драматично не се случи

0
By НОВА ТВ Terziova on May 31, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски порачува дека никој не може со сигурност да предвиди што ќе се случува зимава на полето на енергетиката.

-Порано проблем беше цената, а сега може да се случи она што се случи во Бугарија и Полска – нема гас. Тешко е тоа да се предвиди. Втора работа е дали може да ја издржи нашата економија цената на природниот гас што е сега. Се поставува и прашањето што ќе правиш доколку немаш купувачи на гас. Во моментов цената на гасот на берзата во Холандија е 96,6 евра за мегават час. Тоа треба да се помножи по 10,5 и ќе се добие цена од околу 1.000 евра. Тоа е цена само за да го добиеш гасот. Покрај тоа, има и трошоци за транспорт низ туѓи држави, трошок за трговецот кој треба да има некоја маржа. Негативно влијае и курсот на доларот кој постојано оди нагоре и е речиси едно евро за еден долар. Затоа никој не може да предвиди што ќе се случува, изјави Бислимоски за МИА.

Прецизира дека предвидувањето на Виенската берза за цената на гасот за јуни годинава изнесува 103 евра за мегават час, за јули 104, август 104, септември 104, за третиот квартал од годинава 103 евра, за четвртиот 105 евра, за прв квартал 2023 година 104 евра, а во вториот квартал 88 евра. Сето тоа треба да се помножи по 10,5 плус да се додадат трошоците за транспорт и маржи и други трошоци.

-Гасот се уште доаѓа во земјава, каква е цената таква е, но никој не може да каже што ќе се случи доколку Русија не прогласи за непријателска земја и да каже нема гас. Тогаш ќе биде екстремно тешко. Можно е преку Бугарија да дојде азербејџански гас од гасоводот ТАБ доколку Бугарија навреме го заврши приклучокот. Сепак, до крајот на годинава Макпетрол има обезбедено гас за зоните освен ако нешто драматично не се случи, посочи Бислимоски.

Со моменталните цени на гасот, како што истакна, сите наоѓалишта на гас во светот стануваат атрактивни дури и оние за кои порано воопшто не било исплатливо да се експлоатираат. Суштинско прашање сега е дали можат економиите во Европа да ја издржат сегашната цена на гасот и до кога. Прашање е и дали можат да издржат и владите со постојани субвенции.

Како добра опција ја посочи изградбата на Енерџи терминалот во Александрополи во Грција каде и земјава има удел, но неговата реализација се предвидува да заврши за околу две години кога треба да биде и готов и нашиот гасен интерконектор со Грција.

Енерџи терминал, прецизира, е платформа каде што ќе се носи гас и од терминалот трговците ќе го купуваат.

-Тоа е како да си ископал гас во своја земја. Наша предност од Енерџи терминалот во Александрополи е што ќе ни биде гарантирана одредена количина на гас. Земјава плаќа 10 милиони евра учество во изградбата на терминалот, а Грција веќе има свој гасовод до Александрополи, посочи Бислимоски.

Нам ни останува, додаде, да изградиме интерконективна врска со Грција за да се поврземе со нивниот оператор за гас ДЕСФА.

Бислимоски економија Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.