Published: Tuesday, April 7, 2015 12:39
Анонимни уметници вчера поставија биста со ликот на Едвард Сноуден во паркот Форт Грин во Бруклин, Њујорк во знак на почит на поранешниот советник на Државната агенција за безбедност на САД, кој стана познат откако во јавноста откри тајни документи и шпионажа.
Денеска истата беше отстранета од паркот.
Уметниците изјавија дека ја одбрале оваа локација бидејќи е „полно со важност и значење, како и почитување на другите“.
Според нив, бистата е изградена како збир од идеали за слободен живот.
Сепак портпаролката на одделот за паркови во Њујорк, рече дека секое неодобрено поставување на скулптура или уметничко дело во градскиот парк е незаконско и оттаму отстранувањето на бистата.




