Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Направивме голем исчекор во иницијативата „Отворен Балкан“, регионалната конкурентност е спасот за регионот

0
By Mirjana on December 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Направивме голем исчекор во иницијативата „Отворен Балкан“, затоа што ја отвораме мобилноста на работната сила меѓу трите држави и се надевам многу брзо и меѓу сите шест држави од Западен Балкан. Крајната цел е поголема конкурентност на нашите економии, а регионалната конкурентност ќе биде спасот за овој регион, оценува вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во интервјуто за МИА.

„Отворен Балкан“, вели тој, не е замена за Европската унија, додавајќи дека не е важна иницијативата, туку целта која треба да се постигне.

– Не денеска, туку вчера требаше ова да биде направено, затоа што утре ќе биде доцна. Утре кога ќе почне периодот на постковид рехабилитацијата, кога ќе зборуваме за вредносни ланци, што ќе имаме да понудиме како национална, мала економија од 1,8 милиони луѓе, според последниот попис. Каква работна сила ќе понудиме? Како регион на Западен Балкан тоа може да го понудиме заедно. Треба еднаш за секогаш да сме прагматични. На крајот на денот, како што денес кажуваме за некого дека 30 години не креирал можности и велиме дека е тоа лошо, така нашите деца после 10 години, ќе ни го кажуваат истото на нас, нагласува Битиќи.

Силно верува дека „Отворен Балкан“ е остварлив и дека најверојатно политичкиот контекст во одредени држави од Западен Балкан е причината поради која тие не го прават потребниот исчекор, но се надева дека поскоро ќе се приклучат кон иницијативата.

– Јас сум еден од оние кои од првиот ден на мојот мандат се залага за зголемување на конкурентноста. Многу малку го зборуваме концептот на конкурентноста. Вообичаено сме навикнати на овие простори да зборуваме за конкуренција, а не за конкурентност. Конкурентноста е кога заедно креираме политики од кои заедно ќе добиеме и ќе станеме уште подобри и поголеми во смисла на глобалната конкуренција, вели вицепремиерот.

Заедно како регион со креирање на поголеми можности доаѓаме до побрзи и поодржливи решенија, нагласува Битиќи.

– Ние вообичаено премногу сме опседнати со средствата и зборуваме за тоа како тие иницијативи имаат задна намера. Ако денес не зборуваме за мобилност на луѓето, кога тоа ќе го докажеме, кога ќе влеземе во ЕУ? Тогаш ќе биде доцна. Јас стравувам дека кога ние тоа ќе сакаме да го направиме после пет, десет или 15 години, дека тогаш ќе нема за кого тоа да го направиме затоа што сите со отворен вид ќе не напуштат, бидејќи сме биле крути во нашите размислувања да креираме подобра визија и можности за нашите деца. Затоа велам не е важна иницијативата, дајте да зборуваме за целите. Која е клучната цел што сакаме да ја постигнеме и што е тоа што сакаме да им дадеме на нашите деца. Сами ова нема да можеме да го постигнеме. Не можеме да сме изолиран остров во Западен Балкан и во Европа, истакнува вицепремиерот за економски прашања во интервјуто за МИА

битиќи интервју МИА отворен балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.