Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи од Хрватска: Северна Македонија и Хрватска ќе го дорегулираат договорот за одбегнување на двојно даночење

0
By Соња Крамарска on September 26, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска присуствуваше на Бизнис форумот со Стопански комори на Македонија и Хрватска.

Бизнис форумот е во организација на Хрватската стопанска комора, а на истиот учествуваат и претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори, како и голем број на компании од двете земји.

Во рамки на Бизнис форумот, Битиќи имаше и средба со потпретседателот на Владата на Хрватска, министерот за море, промет и инфраструктура, Олег Бутковиќ на која разговараа за искуствата на Хрватска во пристапните преговори со ЕУ како и унапредување на регионалната конкурентност како катализатор на процесот за Северна Македонија и земјите од регионот.

На средбата двајцата потпретседатели зборуваа и за билатералниот договор за одбегнување на двојното даночење помеѓу Хрватска и Македонија.

Министерствата за финансии на двете земји, ќе ги дорегулираат сите дополнителни права и обврски кои се однесуваат на договорот за одбегнување на двојното даночење меѓу Република Хрватска и Република Северна Македонија, со цел компаниите на двете земји да имаат право на одбиток на ДДВ за промет остварен во другата земја.

Пред започнување на Бизнис форумот состанок одржаа и претставници на коморите на двете држави на кој се приклучија и потпретседателите Бутковиќ и Битиќи. На состанокот беше присутен претседателот на Хрватска стопанска комора, Лука Бариловиќ, претседателот на македонско-хрватскиот бизнис клуб, Иво Усмиани, претседателот и извршниот директор на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и Антони Пешев, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, потпретседателот на Сојузот на стопански комори, Орце Симов како и амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Хрватска, Милаим Фетаи.
Фатмир Битиќи Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.