Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи во компанијата „Бентон-ни“ во Куманово: Во Северно-источниот регион, најмалиот, исплативме над 152 милиони денари финансиска помош

0
By Blerina Tahiri on October 30, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 30, 2023 16:19

Само во Северно-источниот регион, најмалиот во земајва, Владата има потпишано вкупно 41 договори за финансиска помош за инвестиции во износ од над 600 милиони и 500 илјади денари, за што има исплатени над 152 милиони денари поддршка, изјави заменикот на претсетседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, при посетата на компанијата „БЕНТОН-НИ“ во Куманово.Вицепремиерот Битиќи во неговата изјава за медиумите, рече дека Владата и „Бентон-ни“ заедно пишуваат успешна економска историја за нашата земја, бидејќи е една од 919-те компании кои Владата ги има поддржано во нивните инвестициски циклуси преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, а тие возвраќаат со нови работни места и достоинствени плати за нашите граѓани.

„Сопственикот на компанијата, господинот Назми Ејупи ме запозна од блиску со производствените капацитети на компанијата, која произведува прехранбени продукти и производи за хигиена, со што над 100 нејзини различни производи завршуваат во европските земји и тие на Западен Балкан. Токму затоа оваа компанија е поддржана од Владата преку Законот за финансиска подршка на инвестициите со договорот потпишан за инвестицискиот проект 2019-2023 година, при што за мерките Поддршка за пораст на капитални инвестиции и приходи и поддршка за зголемување на конкурентност на пазарот и се исплатени околу 6 милиони и 800 илјади денари за оправдани инвестициски трошоци од над 25 милиони и 500 илјади денари“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека преку оваа поддршка, Владата го потикнува и локалниот економски развој, бидејќи само во 2022 година, бројот на поддржани компании надвор од Скопскиот најразвиен регион е зголемен за 150% или 232 вкупно поддржани компании.

„Само во овој Северно-источен регион, најмалиот, имаме вкупно потпишано 41 договори за финансиска помош за инвестиции од над 600 милиони и 500 илјади денари со исплатени над 152 милиони денари. Со гордост можам да кажам дека секојдневно расте бројот на домашни компании кои преку ЗФПИ  се охрабрени да инвестираат, и до сега Владата има поддржано 919 домашни компании за нивните инвестициски циклуси со реализирани 500 милиони евра инвестиции подржани со 100 милиони евра, некаде околу 20 проценти“, изјави Битиќи и додаде дека на довербата, Владата ќе возврати со измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите за загарантирана 100% исплата кон секоја компанија, за да исплатата на поддршката не зависи од нечија воља.

Сопственикот на компанијата, Назми Ејупи, изрази благодарност за финансиската помош, за која рече дека ги прави поконкурентни на Европските пазари, бидејќи освен во регионот, компанијата сега успешно извезува и во Шведска, Австрија и Грчка, со планови за проширување и во други земји на Европската унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.