Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: За речиси 50% го зголемивме производството на енергија, кризата одминува, ја враќаме евтината тарифа

0
By Jane Gjorgioski on June 8, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ
Архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за Цивил Медиа одговора на неколку важни прашања од областа на енергетиката и снабдувањето со електрична енергија.

ЦИВИЛ МЕДИА: Со кои конкретни мерки и проекти планирате да постигнете стабилност на енергетскиот систем, истовремено да се развијат капацитетите за развој на обновливите извори на енергија?

Нашата држава е лидер во регионот со донесените и веќе имплементирани закони и подзаконски акти, кои се целосно  усогласени со Европската енергетска заедница, со кои е овозможена либерализација на енергетскиот пазар.

Со усогласување на енергетските политики, современите енергетски технологии и мобилизирање на финансии, го отвораме патот за одржлива и просперитетна енергетска иднина која ги ублажува климатските промени, ја подобрува енергетската безбедност и го поттикнува економскиот раст.

Сите политики и мерки на Владата, со кои креираме подобра енергетска иднина на земјата, се фокусирани на, изградба на нови капацитети на базна енергија и истовремено производство на енергија од обновливи извори.

Во однос на производство на базна електрична енергија, при крај е процесот на евалуација на понудите за изградба на најголемиот извор од хидро капацитетите за проектот „Чебрен“, со проценета вредност на инвестиции од милијарда евра и предвиден капацитет на производство на базна енергија од 300 – 330MW

Истовремено, со зголемен интензитет растат јавните и приватни инвестиции во обновливи извори на енергија. Во последните 2 години во државата има инсталирано и ставено на мрежа повеќе од 207MW фотоволтаични централи. Дополнително на ова, нашите политики привлекоа приватни инвестиции од повеќе од милијарда евра, кои во наредниот период ќе изградат капацитет од над 1GW.

Регионалната конкурентност и поврзаност се клучни за развој на регионот, во поширока смисла на зборот. Во оваа насока покрај засилените инвестиции во патната инфраструктура, во последните 5 години, засилено се работи и на енергетско поврзување, преку, изградба на интерконекторот со Албанија со кој ќе се комплетира Коридорот 8 за пренос на електрична енергија Исток – Запад, помеѓу Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Италија.

Дополнително, државата будно ги следи трендовите во изградба на фотоволтаични централи, кои земаат голем замав не само во нашата земја туку и во соседството, и нашиот систем оператор МЕПСО работи на зголемување и на капацитетот на пренос на електрична енергија по коридорот 10, преку зголемување на капацитетот на интерконекторот Битола-Лерин, кој треба да биде удвоен во наредните неколку години.

Владата на Република Северна Македонија работи и на диверзификација на снабдувањето со природен гас, преку градење на интерконектор со Грција. Преку кој ние ќе обезбедиме гас за идните генерации. Тоа за нас значи дека нема да бидеме зависни само од руски гас кој доаѓа преку интерконекторот со Бугарија, туку за нас ќе е достапен и гасот од ЛНГ терминалот во Александруполи.

Регионалната поврзаност се случува и во насока на изградба на интерконектори за гас и со останатите соседи, што покрај диверзификација, за нашата земја ќе значат дека сме на енергетската карта, поставени  како хаб на Балканот.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали и на кој начин очекувате домашната берза на електрична енергија да го подобри снабдувањето со електрична енергија? Што е различно во споредба со минатото?

Преку зголеменото производство на електрична енергија, го стабилизиравме енергетскиот систем во државата, ги заштитивме граѓаните од ценовните шокови, стопанството го поддржавме. Продолжуваме кон натамошно зајакнување на енергетскиот систем во државата преку зголемување на конкуренцијата на пазарот на електрична енергија. Овие наши напори се институционализираа преку отворањето на Националниот оператор на пазар за електрична енергија – МЕМО, со што понудата и побарувачката се либерализира, добива на конкурентност.

Преку берзата домашниот пазар ќе се поврзи со европските и регионалните пазари на струја, што ќе биде во функција на зголемување на ефикасноста во задоволувањето на нашите енергетски потреби.  Она што е важно за стопанството кое набавува струја од либерализираниот пазар е што добива пристап до стабилни извори на струја, односно достапноста до струја се зголемува, поради тоа што трговците нема да мораат да бараат енергија на странски пазари. Побарувачката и понудата на електрична енергија во еден сегмент ќе се локализира.  Со активно купување и продавање на електричната енергија на пазарот ден однапред, односно снабдувачите ќе може да побараат и платат електрична енергија денес, а да ја добијат следниот ден.

Отворањето на берзата е само еден од многуте чекори кои ги преземаме во градењето на современ енергетски пазар во нашата земја кој ќе биде фокусиран на потребите на граѓаните и економијата, со можности за иден развој преку нови инвестиции во производствените капацитети од обновливи извори на енергија.

ЦИВИЛ МЕДИА: Враќањето на популарната евтина струја ќе значи заштеда за домаќинствата, но може да биде и поттик за економијата. Како дојде до оваа трансформација и кои се придобивките?

Постојат реални основи граѓаните од 1 јули повторно во своите домови да користат евтина струја во одреден временски интервал од 2 или 3 часа во текот на денот, во период кога имаат најголема потреба за задоволување на домашните потреби за струја, што ќе значи големо олеснување на семејниот буџет преку намалување на сметките за струја.

Ова е возможно откако цените на електричната енергија како на регионално така и на локално ниво во изминативе месеци се стабилизираа. Од друга страна енормното зголемување на инсталирани фотоволтаични централи, како во нашата држава, така и во регионот, креира вишоци на произведена електрична енергија во периодот од пладне во наредните неколку часа што може да се увиди ако подетално се анализираат цените на електричната енергија на регионалната HUPX, или на домашната берза на електрична енергија МЕМО кога во одредени денови во овој временски интервал има и негативна цена на електричната енергија.

Додека опозицијата најавуваше дека цената на електрична енергија ќе се зголемува, дека ќе имаме рестрикции, ние како Влада успеавме од октомври 2022 година до март 2023 да го зголемиме домашното производство за 45%, и да обезбедиме сигурно и непрекинато снабдување со електрична енергија за секој наш сограѓанин.

Ние како држава пред кризата увезувавме околу 30% од нашите потреби за електрична енергија, а сега со елдорадото во инвестирање во фотоволтаични и други извори на енергија увезуваме само 11% од вкупните наши потреби за електрична енергија.

Извор: Цивил Медиа

Енергетика Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.