Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи за „Утрински брифинг“: Треба да бидеме во полн капацитет за справување со предизвиците, наскоро ќе добиеме нова влада предводена од претседателот Заев

0
By НОВА ТВ Balaban on November 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Јас сметам дека наскоро ќе добиеме „Заев три“ влада, предводена од претседателот Заев, без разлика дали ќе се сменат 3,5 или 7 министри, а дали ќе добиеме „Заев четири“ влада ќе видиме, мислам дека тој ќе остане на неговата лична одлука за повлекување, но сметам дека во овој период ни е повеќе од потребен, бидејќи не смееме да испуштиме одредени процеси, рече Битиќи, соопштија денеска од СДСМ
Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи за „Утрински брифинг“ истакна дека во период кога треба да се донесе државниот буџет, кога, за жал, ни претстои тешка состојба со пандемијата, енергетска криза, треба да бидеме во полн капацитет.
Во четвртокот затворивме еден сегмент, се надевам дека многу брзо ќе го затвориме сегментот дали ќе има или нема влада, рече Битиќи, додавајќи дека следува консолидација на партијата и понатаму нов мандатар на нова влада.

Јас сметам дека наскоро ќе добиеме „Заев три“ влада, предводена од претседателот Заев, без разлика дали ќе се сменат 3,5 или 7 министри, а дали ќе добиеме „Заев четири“ влада ќе видиме, мислам дека тој ќе остане на неговата лична одлука за повлекување, но сметам дека во овој период нѝ е повеќе од потребен, бидејќи не смееме да испуштиме одредени процеси, рече Битиќи,

соопштија денеска од СДСМ.
Во врска со буџетот, Битиќи истакна дека и во период кога здравствената криза не е завршена, енергетската криза не е завршена, капиталните инвестиции се покачени на ниво на кое досега никогаш не биле.
– Наназад 15-20 години капиталните инвестиции биле отприлика 400-450 милиони евра, сега се над 600, но за прв пат структурно воспоставуваме тела, кои што ќе ги следат и ќе го унапредат нивото на нивно спроведување, рече Битиќи, додавајќи дека тоа се Централата единица за спроведување на инфраструктурни проекти и телото за мониторирање на економските политики.
Во врска со забелешките за задолженоста на државата, Битиќи истакна дека земјата не е презадолжена.
Јас сум прагматичен. Секое задолжуваме кое на другата страна има инвестиции, кои го подобруваат животот на граѓаните не треба да се дискутира, нагласи Битиќи, додавајќи дека во последните години, особено кога беше кризата во 2020, 2021 година, секој задолжен денар е вратен кај граѓаните на еден или друг начин.
Во врска со енергетската криза, Битиќи истакна дека таа е резултат на лошто менаџирање во изминатите 20 години и дека не може енергетскиот сектор да се подобри за 2-3 години.
На вистински пат сме со стратегијата во обновливи извори на енергија, имаме јасен план за РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино, рече Битиќи и ја издвои инвестицијата на државата во енергетски објект во странство, во централата во Александропулос која се случи за прв пат во историјата на Република Северна Македонија.
„Заев три“ влада министри СДСМ сменат Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.