Бившиот израелски премиер Ехуд Олмерт денеска пристигна во затвор каде треба да ја отслужи казната затвор од 19 месеци за примање мито и опструкција на правдата.
Олмерт е првиот израелски висок функционер кој служи казна, а пресудата му е изречена во март 2014.година откако е обвинет за примање мито за промовирање на контроверзниот проект за изградба на недвижнини во Ерусалим.
Обвинението се однесува на периодт кога бил градоначалник на Ерусалим и министер за трговија, многу години пред во 2006 та да стане стане премиер.
Агенциите коментирајќи го денешниот настан, велат дека седумгодишната судска сага на Олмерт всушност ја поткопала и последната сериозна рунда мировни преговори и му помогнала на радикалниот политичар Бенјамин Нетанјаху да дојде на власт.




