Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бизнисмени и политичари формираa „Цигар Клуб“ здружение за хедонизам

0
By Нова ТВ on November 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 8, 2016 16:38

Неколку бизнисмени и поранешни функционери на 10 октомври поднеле документи, а денеска им биле одобрено да основаат Здружение на граѓани на централна, интелектуална граѓанска асоцијација за развој „Клуб Цигар Скопје“.

„Клуб Цигар“ е регистрирано на улицата Будимпештанска 16б Карпош.

Како сопственици на здружението се наведени Зоран Мартиновски, шеф на канцелариите во Македонија и Црна гора на Меѓународна финансиска корпорација, адвокатот Љубчо Светиев, поранешниот министер за администрација и информатичко општество Иво Ивановски, Љубе Рајевски, претседавач на Македонска развојна фондација за претпријатија, бизнисменот Слободан Вукиќевиќ, Горан Анастасовски, генерален директор на КИБС, Ратко Трајковски, бизнисмен и основач на компанијата Интераптив Лабс , поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, Милан Ристевски, директор на клиника за радиологија и онкологија, Бошко Сибиновски, директор на фирмата СардичМК и Ацо Спасеновски, поранешен министер за земјоделство.

Претседател на здружението е Сибиновски, а основната цел на Здружението е унапредување на моралните и цивилизациски вредности на граѓанското општество, социјалниот,­ културниот и економскиот развој.

„Оваа цел здружението ја остварува со реализација на своите задачи за спроведување на истражувачки и аналитички проекти и активности, како и вршење на дејности и активности и организирање на настани од сферата на општествениот, економскиот, социјалниот, културниот и цивилниот живот на граѓаните. Остварувањето на целите и задачите на Здружението ќе придонесе за унапредување на економската, социјалната, културната, моралната, етичката и други сфери релевантни за севкупниот општествен и економски развој на Република Македонија, подобрување на бизнис, економска, едукативна, културна, научна и друга соработка помеѓу земјите од регионот и пошироко“, пишува во основачкиот документ.

Сибиновски во разговор со НОВА рече дека здружението е друштво на луѓе кои се почитувачи на убавиот начин на живот.

„Тоа е друштво на луѓе кои се почитувачи на убавиот начин на живот. Нема врска со ништо друго, освен со хедонизмот. Освен тоа ние ќе се залагаме и за интелектуален, општествен и културен развој“, рече Сибиновски.

Милан Ристевски, исто така еден од основачите на здружението вели дека „тие се здружуваат за да „пушиме пури и да пиеме коњак“.

здружение на граѓани развој хедонизам ЦИГАР Клуб
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.