Бизнисменот Орце Камчев вечерва или најдоцна до утре ќе излезе од притворот во Шутка, откако денеска Апелацискиот суд му ја уважи жалбата  со што решението е преиначено и е прифатена гаранцијата  од без малку 11 милиони евра. 

Дописот од Апелацискиот суд , сеуште не стигнал до затворот Скопје, изјави за НоваТВ директорот Филип Андов. – Штом одлуката дојде до нас, ние сме должни да му ја доставиме на господинот Камчев , кој се наоѓа на лекување во болницата „Аџибадем Систина“ и да му ги доставиме личните работи кои ги имаше со себе за време на притворот. Потоа со полициска придружба треба да го однесеме Камчев, онаму каде што ќе продолжи по притворот, изјави за Нова ТВ, директорот на затворот Скопје, Филип Андов.

На Камчев му се одредени други мерки на претпазливост , како што е мерката повремено јавување на суд и одземен пасош. Притворот на Камчев му е за случајот „Плацеви на Водно“ а досега помина без малку една година во притворското одделение во затворот „Скопје“.

(М.Т.)