Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Блесок: Промоција на “Пресуда” од Џабир Дерала

0
By Нова ТВ on March 23, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 23, 2015 14:26

Културната установа Блесок ќе ја промовира поемата „Пресуда“ од Џабир Дерала на 25 март, во МКЦ Клуб ресторан, со почеток во 21 часот. На промоцијата ќе настапат авторот на поемата Џабир Дерала и Мирослав Стојановиќ – Шуки кој е автор на илустрациите за корицата и на внатрешните страници на книгата. Тие ќе настапат со перформанс кој е дел од нивниот мултимедијален проект Криптохроматик.

На промоцијата ќе настапи и актерката Кристина Леловац со свој перформанс со стихови од книгата, а ќе говори и проминентната проф. Катерина Колозова.

„Пресуда“ е последниот издавачки проект на поетот, писателот и основачот на Културната установа Блесок Игор Исаковски, кој почина непосредно пред закажаната промоција на „Пресуда“ во декември. Оваа промоција воедно претставува и настан во негова чест и порака дека неговото дело ќе продолжи преку Блесок во кој авторот Исаковски вложи толку многу труд и креативност.

„Пресуда“ е поетско остварување на Џабир Дерала во издание на „Блесок“, триесет и петти наслов од едицијата „Бореа“. Се работи за поема која авторот Дерала ја пишува цели две години (1991-1992), а финалниот облик ѝ го дава во 2014 година. Поемата е објавена во книга од 80 страници, илустрирана со слики и цртежи на мултимедијалниот уметник Мирослав Стојановиќ – Шуки.

Проектот Криптохроматик сè уште е тајна, но еден дел од него ќе ѝ биде откриен на скопската публика на 25 март во Клубот МКЦ. Тогаш, дел од стиховите на поемата ќе бидат претопени во мултимедијалниот перформанс на тандемот Дерала – Стојановиќ.

„Пресуда од Џабир Дерала е силна поема која ја допира темата за потрагата на идентитетот во единката, судирот на поединецот со светот околу себе, а сето тоа во едно пред-митолошко време во кое личностите се жртвуваат за некое божемно добро на колективот. Горчливо, но таквата состојба ја сведочиме и ден-денес, во нашето и во сите други општества“, изјави Игор Исаковски, првиот човек на културната установа „Блесок“ во декември 2014 година.

Проф. д-р Катарина Колозова за ова дело пишува: „Пресуда е веројатно најдрамската и најфилософската поема на македонски што сум ја прочитала. Длабоката ерудиција од областа на трагичката структура на текст и метрика се пресликува во речиси метричкиот стих на Дерала. После преводите на Михаил Петрушевски, македонскиот јазик никогаш не звучел така возбудливо како во стиховите на Пресуда“.

Авторот е активист за човекови права, атеист, мултимедијален уметник, писател, поет, колумнист, сценарист, издавач, продуцент. Основач е на Цивил, организација за човекови права и слободи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.