Министрите на Шведска, Данска, Норвешка, па и многу други, до работните места одат со трамваи, па и со велосипеди. Дри и премиери пеш стигнуваат до нивните работни кабинети. Нашиве, како да се пудли исплашени, со мозочиња чипирани, ќе купувале автомобили блиндирани.
Треба да сочувствуваме со нив.
Стравот е голема невоља. Тие и без тоа летаат во магливи височини, ама, од безбедносна гледна точка, и нивната државна значајност, движењето по земја не би им го препорачал. Место блиндирани автомобили, да си купат борбени хелихоптери. Или уште по сигурно, ескадрила од авиони бомбардери.
Па да ги видам синдикатите и работниците дали ќе ги плашат тие безгрешни политички великани со штрајкови и протестни закани. А и ние ќе се прашуваме дали ќе имаме храброст да ги критикуваме.Та дури и приказни на тие чедни души да им измислуваме – краделе, грабеле, лажеле.
Во крајна линија, ако за тоа не ги бива, зошто се функционери.
Одма да ги смениме.
Извор: Фејсбук



