Соединетите Американски Држави се подготвени за дијалог за Украина, доколку Русија ја повлече својата војска, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Ако Русија ги повлече своите сили и биде подготвена за преговори, ние сме подготвени да го сториме истото, рече Блинкен.
Според него, САД се отворени за преговори со Русија во различни сфери, вклучително и за безбедноста, „но за дипломатија е потребна деескалација во Украина“.
Блинкен рече дека западните земји ги координираат акциите насочени кон забрзување на испораката на опрема за противвоздушна одбрана, противтенковски системи и друго оружје за Украина.
Шефот на американската дипломатија изјави дека САД документираат случаи на убиства на цивили за време на руската инвазија врз Украина и ќе побараат одговорност за тоа.




