Американскиот државен секретар Антони Блинкен во денешниот разговор со неговиот руски колега Сергеј Лавров дека анексија на Украина никогаш нема да биде прифатена, јави агенцијата ДПА.

Блинкен појасни дека освен за можна размена на затвореници, тој разговарал со Лавров и во конекст на неодамнешните изјави од Кремљ за плановите да се продолжи со понатамошна анексија на украинската територија.

Тој ги коментираше зборовите на самиот Лавров за уривање на демократски избраната украинска влада, велејќи: „Тие планови никогаш нема да бидат прифатени“.

„Светот нема да признае анексии, ќе и наметнеме дополнителни значителни трошоци на Русија доколку таа продолжи со своите планови“, соопшти Блинкен по првиот разговор меѓу двајцата министри од почетокот на војната во Украина.

„Ние, исто така, ќе продолжиме со поддршката на Украина за нејзината способност да се брани и да наметне загуби за Русија додека таа не стави крај на својата агресија“, рече Блинкен.

Американскиот државен секретар изјави и дека разговарал со неговиот руски колега и за можното ослободување на двајца американски државјани кои се затворени од Москва.

Тој соопшти дека имал „искрен и директен разговор“ за понудата за ослободување на американската кошаркарка Бритни Гринер и на Пол Вилан.

„Го притиснав Кремљ да го прифати суштинскиот предлог што го дадовме за ослободување на Пол Вилан и Бритни Гринер“, рече Блинкен.