Published: Saturday, April 11, 2015 12:32
Руски воен авион Су-27 во вторникот прелетал опасно близу покрај американски извиднички авион, соопштија денеска претставниците на војниот ресор на САД. Во врска со овој инцидент, американската страна пратила официјален протест до Русија.
– Утрото на 7 април, редовниот лет на американскиот авион РЦ-135У во меѓународниот воздушен простор бил пресретнат од рускиот СУ-27 со непрофесионален маневар, регираат од американското Министерство за одбрана.
Медиумите пренесуваат дека рускиот воен ловец прелетал шест метри покрај американскиот авион и со тоа го довел во опасност животот на луѓето од авионот од САД. Се претпоставува дека американскиот авион ја следел активноста на руската војска во западниот дел од Русија.




