Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бочварски: Се гради експресниот пат од Градско кон Прилеп

0
By Ivana on July 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Експресниот пат од Градско кон Прилеп се гради. Оваа Влада покажа решителност да ги изгради и најтешките инфраструктурани проекти во државата. Избрани се нови изведувачи за првата и втората фаза и патот активно продолжува да се гради, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при увид на градежните работи на првата фаза од експресниот пат од Градско до Дреново.

Првата фаза од Градско до Дреново е со должина од 15,5 км и вредност од 24,7 милиони евра. До сега се изградени 35% и градежните работи ги презема компанијата Штрабаг. Во однос на втората фаза, од Дреново до Фаришка клисура, градежните работи ги презема компанијата Синохидро.

Прогресот на градежните работи до сега е 35%, а инвестицијата е вредна 32 милиони евра. Министерот Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Рустеми заедно со градоначалниците од Прилеп, Градско и Росоман, денеска извршија увид во изградба на првата фаза кај Градско.

– Од денеска засилуваат градежните активности за изградба на овој експресен пат, проблемите со старите изведувачи за првата и втората фаза се надминати, избрани се нови изведувачи и ги уверуваме граѓаните на Прилеп и Пелагонија дека за две години од денеска ќе возат по модерен и безбеден експресен пат. Вкупната инвестиција е 64,5 евра. Знаеме колку им е потребен на граѓаните заради побрза комуникација, заради поголема безбедност во сообраќајот, заради развој на Пелагонија и регионот и уверуваме дека работиме со сите напори овој патен правец да го финишираме, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тој додаде дека активно се работи на подготовка на документацијата и за проширување со по уште една лента во двата правци на потегот од мостот на Ленишка река до влезот на Прилеп. Очекуваме тендерот да се распише до крајот на 2021 година. На денешниот настан свое обраќање имаше и директорот на ЈП за Државни патишта, Ејуп Рустеми.

– Експресниот пат Градско – Прилеп е поделен на 3 делници. Делницата Градско – Дреново е со должина од 15,5 км. Предвидени се 5 вијадукти/мостови, 4 надпатници, 4 подпатници и две клучки кај Градско и Росоман. Содржи две возни ленти од 3,5 метри, две ленти за застанување од 2,5 метри и по две рабни ленти, со вкупен патен профил од 12,4 метри, изјави Рустеми.

Директорот на ЈП за државни патишта нагласи дека за многу краток време ќе започне и рехабилитацијата на третата лента на превојот Плетвар.

бочварски градење патишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.