Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бочварски: Инвестираме во патната и комуналната инфраструктура во општина Крушево

0
By НОВА ТВ on August 18, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со пари од Светска Банка почна да се реконструира улица во Крушево.

Со 70 милиони евра директна помош за општините го реализираме најзначајниот проект за реконструкција на локалните патишта и улици во сите општини во државата. Преку разни буџетски програми правиме големи инвестиции во патната и комуналната инфраструктура и во општина Крушево, изјави министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски при денешната посета на Крушево.

Бочварски, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, заедно со државниот секретар Митко Трајчулески, градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски и директорот на Јавното претпријатие „Македонија Пат“, Беким Мемеди, извршил увид во реконструкцијата на улицата „Питу Гули“ и на проектот Транзит Крушево.

– Со средства од Светска Банка во висина од 5,5 милиони денари започнавме со рехабилитација на улицата „Питу Гули“. Изведувачот е воведен во работа пред една седмица, а рокот за изведба е шест месеци. Очекуваме работните активности да бидат завршени до почетокот на 2022 година и улицата да биде пуштена во употреба. Дополнително, во однос на комуналната инфраструктура, почнуваме со изградба на кракот 1 и крак 2, со кои доведуваме дополнително водоснабдување на индустриската зона „Опаленик“, која е од големо економско значење за општината. Вредноста е скоро седум милиони денари, а средствата се обезбедени преку Буџетот на Република Северна Македонија. Очекуваме до јануари 2022 година работите да бидат завршени, информира Бочварски.

Тој се осврна и за проектите што преку Европската инвестициска банка и буџетот на Министерството за транспорт и врски се реализираа во изминатиот период во општина Крушево.

– Преку ЈП за државни патишта го реконструиравме регионалниот пат од Крушево до н.м. Сува Река, пат кој повеќе од четири децении не беше рехабилитиран. Се изгради водоводна линија за водоснабдување на н.м. Саждево, изградивме систем за фекална канализација во н.м. Норово и резервоар за питка вода во н.м. Борино, истакна министерот Бочварски.

Директорот на ЈП Македонија Пат, Беким Мемеди, пак, соопшти дека во соработка со Министерството за транспорт и врски ја завршиле реконструкцијата на Транзит Крушево, патен правец од клучно значење за Крушево, кој ја поврзува општината со останатите населени места и Пелагонискиот регион. Најави дека наскоро почнува и санација на свлечиштето на патниот правец Крушево – Сладуево.

Градоначалникот Христоски ја потенцираше поддршката што Крушево како локална самоуправа ја добива од централната власт и рече дека општината е лидер во аплицирање кон домашни и странски фондови и имплементација на проекти.

– Денес Крушево е поинакво и поубаво место токму поради реализацијата на многубројните проекти. Нашите напори во подготовка на аплцикации, издавање на одобренија на градба и подготовка на квалитетни проекти се клучот на сето тоа што го гледаме денес. Продолжуваме да ги решаваме проблемите на граѓаните, рече градоначалникот Христоски.

бочварски Крушево реконструкција Светска банка улица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.