Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богоев: Има функционери од ВМРО-ДПМНЕ кои праќаат позитивни сигнали за уставните промени

0
By Ана Василевска on April 13, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев изјави дека иако Христијан Мицкоски силно се противи на уставните измени, сепак дел од функционерите и раководството на ВМРО-ДПМНЕ испраќаат сигнали на поддршка за овој процес.

„Нашите пратеници комуницираат со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Меѓутоа, добар дел од нив и од раководството на партијата, вклучително и еден скопски градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, испраќаат позитивни пораки на различни средби и на средби со дипломати. Испраќаат позитивни пораки и на места, настани и во разговори со луѓе за кои претпоставувам дека знаат дека ќе стигнат до нас. Тоа се охрабрувачки информации каде што тие се свесни дека ова е нешто што треба да го направиме за да го продолжиме европскиот пат. Очекувам во одреден момент тие луѓе да истапат и јавно и да дадат поддршка“, посочи Богоев во интервју за неделникот „Фокус“.

Тој истакнува дека прашањето за временско одржување на изборите наредната 2024 година е затворено согласно Закон, прво ќе бидат претседателските, а потоа и редовните парламентарни избори.

Богоев потенцира дека СДСМ е предводник на Европскиот блок, која ќе ја осигура европската иднина на државата и додава дека сите стратешки одлуки за иднината на земјата се дел од државничките политики на партијата.

„Во ова раководство, првпат идејата за европски фронт и блок ја пласираше Димитар Ковачевски пред шест месеци на трибините на СДСМ, кои ги правевме есента и зимото. Ние сме единствената политичка партија од земјата којашто била дел од сите чекори во минатото и сега, коишто ја доведоа државата до Европската унија. Ние 11 години имавме комплетно изолираната држава. Добивањето кандидатски статус во 2005 година е по заслуга на СДСМ, членството во НАТО и почнувањето преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик, се по заслуга на СДСМ. Тие се стратешки работи кои се суштината на таков европски блок. Ние дури и создадовме позитивна клима за решавање на црковното прашање“, вели Богоев.

ВМРО-ДПМНЕ СДСМ Стефан Богоев уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.