Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богоев: Нови гранични премини, Маркова нога и Клепало и воведување нов граничен бизнис хаб

0
By Blerina Tahiri on November 23, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Стефан Богоев
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Модернизација и воведување нови гранични премини, Маркова нога и Клепало, како и целосна дигитална трансформација со воведување на нов граничен бизнис хаб за вршење на целиот увоз, извоз и транзит од едно место, најавува директорот на Царинска управа, Стефан Богоев во интервју за Извоз.мк.

Во интервјуто, директорот Богоев вели дека Царинската управа, интензивно работи на проектите за изградба на нови гранични премини, на Маркова нога со Грција и на Клепало со Бугарија. За изградба на овие гранични премини веќе се обезбедени средства од Европската Унија.

Воедно како што потенцира ќе се модернизираат и реконструираат и граничните премини Деве Баир и Ќафасан. Реконструкцијата на овие премини ќе придонесе кон забрзување на транспортот и зголемување на трговската размена.

„Царинската управа е една од клучните институции за забрзување на економската интеграција и подобрување на условите за инвестиции. Ова несомнено бара и поголема регионална соработка која ќе овозможи побрза регионална интеграција, овозможувајќи економијата во државата да расте со повисока стапка. Од овој аспект спроведени се политики коишто веќе испорачуваат позитивни резултати. Во рамки на Отворен Балкан, имплементирани се значителни мерки, меѓу кои воведениот концепт за оне-стоп-шоп на Табановце и Ќафасан со што се овозможи унапредување на движењето на луѓе и стока преку заедничките државни граници на земјите од оваа иницијатива“, вели Богоев.

Богоев потенцира дека за забрзување на трговијата и транспортот, како една од клучните политики за забрзана економска интеграција, од голема важност е имплементацијата на новиот национален едношалтерски систем што ќе овозможи извршување на сите процеси за царинење од едно место.

„Технолошкиот напредок бара постојано унапредување како и воспоставување нови ИТ системи коишто ќе овозможат забрзување на транспортот. Во таа насока се и барањата од Европска унија за воведување на ИТ системи според најновите европски спецификации, за кои пак исто така е потребно усогласување на законодавство за да се овозможи примена на тие системи во пракса. Овде би сакал особено да ги истакнам заложбите на Царинската управа во спроведување на Проектот за воспоставување на нов Национален едношалтерски систем, кој ќе функционира како нов граничен бизнис хаб за одвивање на целиот увоз, извоз и транзит на едно место. Ова значи дека сите процеси поврзани со царинење на стоките ќе се завршуваат под еден покрив, што за бизнис заедницата значи заштеда на време и средства“, истакна Богоев.

Од голема важност за целосна дигитална трансформација на Царинската управа е и имплементацијата на Новиот компјутеризиран транзитен систем – НКТС 5, што во пракса значи нова верзија на системот за транзит со подобрени функционалности, согласно европските спецификации.

Модернизацијата на премините и дигитализацијата на процесите, ќе придонесе за олеснување на трговијата и забрзување на транспортот во регионот и на меѓународно ниво, зголемување на конкурентноста на македонската економија, а истовремено испраќа позитивен сигнал за странските инвеститори во нивните одлуки за инвестирање во нашата држава.

гранични премини Стефан Богоев Царинска управа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.