Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богоев: Нула толеранција за шверцот и корупцијата

0
By Marija Todorovska on January 15, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 15, 2024 12:26

Вкупно 105,4 килограми марихуана, 126 литри прекурзори и 66.144 парчиња лекови биле запленети во 2023 година, кога бројот на случаи на спречен шверц и нелегална трговија бележи раст од 29 проценти во однос на претходната година, соопштија денеска од Царинската управа.

Притоа, биле запленети и девизи со вредност од вкупно 438 илјади евра, средства кои одат во Народна банка и Буџетот. Меѓу заплените биле и транспортни возила специјално конструирани за шверц, а во еден случај со одлука на суд биле одземени 17,7 тони тутун во лист, товарно моторно возило-влекач и полуприколка во вкупна вредност од 7 милиони денари.

– Еден од главните приоритети е нула толеранција кон шверцот и организираниот криминал. Видливите резултати во овој дел значат просперитет и значат побрз влез во ЕУ, а резултати веќе има – заплените во 2023 се зголемени за точно 29 проценти, а поднесените кривични пријави за 60 проценти, вели директорот на Царинска управа, Стефан Богоев, стои во соопштението.

Се посочува дека со акцијата во декември во која беа запленети 126 литри прекурзори за производство на дроги беше разбиена посериозна мрежа која имала лабораторија на територија на државата. Против лицето била поднесена кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ казниво по член 215 од Кривичниот законик. Со одлука на суд против истиот беше одредена мерка притвор.

Од Царинската управа наведуваат дека кривични пријави билр поднесени и против сторители за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло, а кое било транспортирано во две товарни моторни возила – цистерни.

За различни кривични дела во 2023 година биле поднесени вкупно 51 кривична пријава, што е за 60 проценти повеќе од 2022 година.

За кривично дело криумчарење, биле поднесени 15 кривични пријави за 16 физички лица, за неовластено производство и пуштање во промет на наркотици пет кривични пријави, против  седум физички лица, додека за даночно затајување три кривични пријави, против три правни и три физички лица.

Царинската управа, се вели во соопштението, во рамки на своите надлежности е силно посветена кон заштита на финансиските интереси на државата и безбедност на општеството и граѓаните.

Богоев криумчарење Толеранција Царинска управа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.