Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богов: Досега не се откриени сомнителни трансакции од странство

0
By Нова ТВ on April 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 7, 2016 20:14

Согласно законите, домашните фирми можат да отворат сметки во странство и да префрлаат пари кои мора да бидат оданочени и да им се знае потеклото. Ако преку аферата Документи од Панама се откријат имиња на Македонци кои спротивно на одредбите на Законот за девизно работење чувале пари таму, тогаш според Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов, треба да се спроведе истрага без разлика дали се работи за политичар или за обичен граѓанин.

Тој вели дека Централната банка не може да обезбеди документи кои ќе докажат дали некој македонски државјанин има сметки во Панама за кои не се плаќа данок кон државата ако затоа не постојат меѓународни договори и спогодби.

– Ако Панама побара документи за нивни државјани, ние не можеме да им ги дадеме, постојат закони кои го регулираат тоа и не дозволуваат откривање на лични податоци и банкарска тајна. Тоа треба да се регулира со меѓународни спогодби  за размена на такви податоци”, вели Богов.

Македонските граѓани ќе можат да отвораат сметки во странство тогаш кога Собранието ќе ги изгласа измените на Законот со што целосно ќе се либерализира девизното работење.

Богов открива дека Белизе, Сејшели, Лугано, Панама, Бермуда, Сент Винсент и Гренадини и други земји кои важат за даночни раеви често се наоѓаат во билансите на Народната банка од каде има приливи и одливи на пари од Македонија.

Според гувернерот се работи за легални трансакции кои се контролираат, а доколку се открие сомнителна трансакција, секоја банка има обврска, тоа да го пријави во управата за спречување перење пари.

Во досегашните контроли од Централната банка не се откриени неправилности или пак тие биле незначителни.

Богов НБРМ Панама
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.