Американската компанија „Боинг“ планира да подели отпушти околу 12.000 вработени во САД во наредните недели.
Компанијата соопшти дека во текот на неделата ќе подели отказни решенија за 6.670 работници, додека 5.520 вработени се согласиле на договорен прекин на работниот однос.
„Боинг“ најави дека ќе го намали и бројот на вработени во своите фабрики во светот за околу 10 проценти, односно дека отказ ќе добијат речиси 16.000 работници. Компанијата западна во криза по две фатални несреќи на авионот „Боинг 737 макс“.