Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бојкот на студентите, Каракамишева најави полиција

0
By Влатко Чаловски on April 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Студенти од повеќе организации денеска ја бојкотираа наставата на Правниот факултет „Јустинијан Први“ потенцирајќи дека не е во ред тие да седат на предавања додека нивните пријатели се на распит во полициските станици.

Нивната одлука за бојкот на наставата доаѓа два дена по одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да ги аболицира сите политичари за прислушуваните разговори, и по масовните протести кои се одвиваа деновиве.

„Професоре нема да ви простиме“, „Фашист“, „Правен факултет кој ти е ставот“, се само дел од пораките испринтани низ целиот хол на факултетот.

Претходно тие имаа герила акција во кабинетот на професорката Татјана Каракамишева, која е цврст поддржувач на одлуката на Иванов.

– Од професорката Каракамишева побаравме да ја искоментира одлуката на Иванов, бидејќи предава Уставно право. Но, кога станува збор за ненарачани прашања, одговор не добивме. Побаравме да си даде оставка од морални причини, но претпоставуваме дека тоа нема да се случи, вели еден од студентите.

Напротив, Каракамишева им одговорила: „Сега ќе дојде полиција“.

А истиот одговор, професорката го упати и до НОВА, откако побаравме коментар пред нејзиниот кабинет, на вратата на која студентите запишаа „Фашист“.

Напротив професорката го извади својот мобилен телефон и снимаше со истото образложение дека тоа ќе го среди полицијата, иако и беше покажана и новинарска легитимација.

По бојкотот со разглас „Дојди и приклучи се“, кога студентите влегуваа од амфитеатар во амфитеатар порано во денот, потоа продолжија низ улиците на Скопје, каде повикаа на протести денеска во 18 часот.

бојкот Ѓорѓе Иванов Каракамишева Правен Факултет студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.