Организацијата Боко Харам која веќе подолго време ја тероризира Нигерија, ги отфрли тврдењата на нигериските власти дека е постигнат договор за примирје, како и тоа дека 200-те киднапирани девојки од Нигерија се конвертирани во Ислам и се омажени.
Според тврдењата на Владата во Нигерија, постигнат бил договор за ослободување на девојките. Но во видео кое кружи на Интернет, лидерот на Боко Харам ги отфрли тврдењата.
– Зарем не знаете дека 20-те девојки се навелезени во Исламот. Веќе знаат две поглавја од Коранот. Ги омаживме, вели иронично на видеото првиот човек на Боко Харам Абубакар Шеко.
Според него, човекот кој се претставил како претставник на Боко Харам и кој ги потврдил тврдењата на нигериските власти, е непознат за неговата организација и порача дека доколку го фатат, ќе го ликвидираат.




