Published: Thursday, December 18, 2014 12:09
Исламистите на организацијата Боко Харам убиле 32 луѓе, а киднапирале десетици во неделата во напад врз село во североисточна Нигерија, соопштија денес локалните власти.
Се уште не е познато колку луѓе се киднапирани, но меѓу нив има жени и деца.
Според очевидеци припадниците на Боко Харам најпрво ги убиле младите мажи, а потоа ги киднапирале жените и девојчињата.
Светските агенции јавуваат дека за овој случај дури сега се дознало, бидејќи во пошироката област била прекината мрежата на мобилната телефонија.
А камерунската армија вчера убила 116 нигериски исламисти во напад на исламистичка група Боко Харам.
Војниците од базата Амшиде во близина на границата со Нигерија, успешно одговориле на нападот и ликвидирале 116 од исламистите.




