Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Бокс) Мејведер VS. Мекгрегор: Танцот во 10 рунди го доби Мејведер

0
By Влатко Чаловски on August 27, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 27, 2017 08:08

Куќата на славните во боксот е во исчекување на непоразениот Флојд “Мани“ Мејведер кој со денешната победа над Конор Мекгрегор само потврди каде му е местото и ја заврши својата 20-годишна кариера со 50 победи и ниту еден пораз.

Но мечот на деценијата, како што го опишаа медиумите поради можеби најдобриот маркетинг некогаш спроведен во спортот, покажа и нешто друго – Конор Мекгрегор иако е ММА борец, тој сепак знае да боксува.

Шоутo во Лас Вегас траеше 10 рунди а слободно може да се каже дека првите четири му припаднаа на шампионот во ММА дисциплината, Конор Мекгрегор, за што пак професионалниот боксер Мејведер, по мечот ќе каже дека тоа било дел од неговиот план.

Милиони фанови ширум светот го следеа првото вкрстување на еден професионален боксер со еден професионален кик-боксер, а кој заврши во полза на Флојд Мејведер, кој ја одбрани честа на спортот кој му донесе речиси пола милијарда долари во својата кариера.

Иако многумина пред мечот беа скептични колку Мекгрегор може да издржи со Мејведер во боксерски ринг, веројатно сите беа изненадени од неговите брзи удари во првата, втората па и третата и четвртата рунда. На моменти делуваше како да подзаборава дека е во ринг па правеше ситни прекршоци кои не се дозволени како удари во боксот, но генералната слика е дека на Мејведер му даде милиони причини за размислување.

Како течеше мечот, одбраната на Мејведер по која е познат, се претвораше во напад, со оглед на тоа што Конор Мекгрегор никогаш претходно не боксувал професионално и уморот си го правеше своето.

Осмата и особено деветтата рунда беа клучни за Американецот кој „намириса крв“ гледајќи како Ирецот се побавно и побавно се движи по рингот и без кренат гард. Веќе во десеттата, судијата пресуди технички нок даун и борбата беше завршена.

– Мекгрегор е многу подобар од што мислев. Ме изненади, но морам да кажам дека јас и татко ми направивме стратегија да му дозволиме тешките удари да ги исфрли во првите рунди и потоа да се умори. Реков дека ќе го однесам во длабокото и ете, вечерва бев подобар, изјави Мејведер откако беше прогласен за победник.

Тој најави и дека ова е дефинитивно неговата последна борба во кариерата, а со која го надмина рекордот на легендарниот Роки Марчијано.

– Чувствував дека на фановите им должев уште едно шоу, и не можев да имам подобар партнер за танц од Мекгрегор. Му благодарам и нему и на цела Ирска, дополни непоразениот боксерски шампион.

Ирецот пак од друга страна, исходот од боксувањето им го препиша на концентрацијата на Мејведер и на својот умор.

– Не требаше судијата да го прекине мечот. Не дека се жалам, само тој не е посилен туку остана внесен во мечот до 10.рунда. Сепак за почит е што 50 натпревари не е поразен. Но судијата требаше да ме остави да се вратам во аголот и да пробам да се сконцентрирам и да го остави човекот да ме нокаутира ако успееше тоа да го направи, видно возбуден изјави Конoр Мекгрегор кој најави дека се враќа во ММА спортот каде што пак тој e неприкоснован.

Кога заврши мечот тој веднаш тргна кон Мејведер за да му порача дека се уште бил активен и се држел.

Во присуство на многу холивудски ѕвезди, спортисти, како и еден од најдобрите боксери во супер тешка категорија, Мајк Тајсон, овие двајца борци несомнено направија шоу кое можеби никогаш повеќе нема да се повтори.

Според проценките, Мејведер ќе заработи речиси 200.000 милиони долари, а за Мекгрегор ова е можеби најскапата борба која некогаш ја имал, и најголемата публика пред која настапувал.

Неговите приходи по овој бокс-меч ќе се зголемат за нешто над 100.000 милиони долари.

Бокс Конор Мекгрегор ММА Флојд Мејведер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.