Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Болките се неподносливи: Белгиска параолимпијка си потпиша еутаназија

0
By Нова ТВ on December 22, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 22, 2017 23:17

Марике Верворт ги живее последните денови од животот. Белгиската параолимпијка и светска шампионка на 100 метри ги потпиша документите за еутаназија и во очекување е на постапката.

„Не можам повеќе да се мачам. Депресијата е се посилна. Никогаш не сум била ваква. Постојано плачам. Ако постои Господ, тој е лошо момче бидејќи вака ме казнува“, изјави Верворт за британски „Телеграф“ додавајќи дека видот константно ѝ слабее, од ден во ден се чувствува се полошо, има несвестици, не може да јаде и болките се неподносливи.

Верворт од најрана возраст се занимава со спорт. Почна со кошарка, со триатлон и со нуркање. Потоа се појави болеста што во прво време беше мистериозна и се манифестираше само на петиците. Но, многу скоро настапи парализа поради деформација меѓу петтиот и шестиот ршлен во ‘рбетниот столб.

„Сите мислеа дека сум цврста како карпа, но никој не знаеше што се случува“, коментира Белгијката.

На параолимписките игри во Лондон во 2012 година Марике освои злато во трката на 100 метри и сребро на двојно подолгата делница. Сега е во нејзиниот дом во Брисел каде ќе ги мине божиќните празници по што ќе биде извршена и еутаназијата, чин на кој нема да присуствуваат родителите.

еутаназија Марике Верворт Параолимпизам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.