Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Болниците преполни-се враќаат пациенти со скршеници од снегот

0
By Менче Атанасова Точи on January 31, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пациенти кои се здобиле со скршеници од паѓање на снегот болниците ги враќаат дома бидејќи капацитетите с е преполни.  Тие наместо во болница чекаат на ред за операција дома, а бројот на нови случаи секојдневно се зголемува. Кревет повеќе се бара  на Клиниката за трауматологија и одделението во Градската хируршка болница каде хирурзите оперираат со полна пареа. Во градската општа болница„8 Септември“ со пациенти со скршеници почнале да го полнат и одделението за општа хирургија бидејќи на  трауматологија веќе нема место.

„Преполно е, секој ден се примаат од три до пет нови случаи, а претходните не сме стигнале да ги оперираме. Веќе почнавме и на општа хирургија да ги префрламе. Некои од нив ги враќаме дома да чекаат додека да бидат повикани за операција. Многу итни случаи имаме, цело време оперираме пациенти со скршеници поради што негодуваат болните што чекаат на листата и по една година за операција“, изјави за НОВА Сашо Стојчев директор на болницата „8 Септември“.

Тој нагласи дека се во комуникација и соработуваат со Клиниката за трауматологија и Градската хируршка болница, но ситуацијата била слична и таму. Болниците се преполни со луѓе кои паднале и се здобиле со повреди на снегот поради неисчистените улици.

Според Стојчев работата дополнително е отежната бидејќи немаат доволно медицински сестри за во операционите сали.

„На 45 хирурзи и 40 анестезиолози имаме само седум инструментарки, односно медицински сестри за работа во операциона сала.“, рече Стојчев.

Ваквата ситуација следува откако пропадна обидот да се вработат нови 60 медицински сестри, поради што болницата работи во многу отежнати услови, а медицинските сестри дежураат секој трет ден.

Хирурзи од скопските клиники пак револтирано коментираат дека Фондот за здравство подобро е да се обиде да го плати чистењето на улиците од снегот отколку да ги плаќа трошоците за операции на толку голем број на пациенти со скршени колкови, раце или нозе.

болница операции скршеници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.