Американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, следната недела ќе ја посети Москва, соопшти денеска Белата куќа.
Претходно денеска таа информација ја соопшти и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Посетата на Болтон ќе биде посветена на подготовки за можната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот премиер Владимир Путин.
Минатата сабота „Вашингтон пост”, повикувајќи се „на висок член на американската влада и на двајца дипломати”, објави дека претседателот на САД Доналд Трамп се очекува да се сретне со рускиот колега Владимир Путин во јули во Европа.
На 13 јули тој ќе ја посети Велика Британија и ќе има средби со британската премиерка Тереза Меј и со кралицата Елизабета Втора.
Путин на 10 јуни потврди дека е подготвен да се сретне со Трамп, веднаш штом ќе бидат подготвени Путин потоа рече дека многу земји се подготвени да бидат домаќини на таа средба и ја спомена Австрија.
И покрај европските санкции против Русија, Австрија останува блиска до Москва и за разлика од другите европски земји не протера руски дипломати по труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март во Велика Британија.
Освен поради аферата Скрипал, односите меѓу Вашингтон и Москва се искомплицираа поради сомневањата за заговор меѓу предизборниот тим на Трамп и Кремљ.
Одлуката на Трамп да ги повлече САД од иранската нуклеарна договор донесе несогласувања меѓу двете земји.
Москва ја потврди својата приврзаност кон договорот.
Последната средба меѓу Путин и Трамп беше во ноември 2017 година во Виетнам.




