Непознати напаѓачи на моторцикл утрово фрлиле рачна бомба на француската амбасада во центарот на Атина, при што еден припадник на обезбедувањето е полесно повреден, соопшти полицијата.
Нападот се случува неколку дена пред најавената посета на американскиот претседател во заминување Барак Обама на грчката престолнина.
Нападот се случил во 5 часот и засега никој не ја презел одговорноста.
Според полицијата нападот го извршиле две лица на моторцикл, кој потоа врз основа на безбедносните камери е пронајден во центраалниот кварт на Атина познат по анархистите.
Нема оштетувања на објектот на Амбасадата. Во меѓувреме полицијата го блокира приодот, а антитерористички единици вршат истрага.
Не е првпат во Грција да се случуваат вакви акти на политичко насилство, главно врз бизнисмени, полицајци, политичари и амбасади.




