Published: Monday, March 21, 2016 16:24
Околу 12:30 часот денес во Белград, непознат маж на 50-годишна возраст со бомба се разнел во една слаткарница во центарот на српскиот главен град.
Српските медиуми објавуваат дека самоубиецот влегол во слаткарницата „Петковиќ“, ги избркал гостите надвор и на вработените во слаткарницата им ја покажал бомбата што ја носел во својот ранец.
Откако сите излегле надвор, тој ја активирал бомбата и се разнел.
Слаткарницата „Петковиќ“ е во сопственост на поранешниот министер за култура Братислав Петковиќ, кој изјави дека не верува дека експлозијата била наменета кон него лично.




