Published: Sunday, November 23, 2014 18:27
Во напад на бомбаш самоубиец на одбојкарски натпревар на истокот на Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе, а 60 се повредени, пренесува агенцијата АФП.
Напаѓачот кој бил на мотор, го активирал експлозивот кој бил на неговото тело, изјави заменик гувернер на провинцијата Пактика Атали Фазли.
Нападот се случил на завршниот натпревар на одбојкарски турнир на кој имало неколку стотина луѓе. Најголемиот дел од настраданите се цивили, а многу од ранетите имаат тешки повреди, додава Фазли, пренесува агенцијата.
Ова, е еден од најтешките напади на цивили, потсетува француската агенција.




